Околу 60 проценти од корисниците на интернет во Европската Унија на возраст од 16 до 74 години купуваат онлајн, објавила агенцијата за статистина при ЕУ, Евростат. Купувањето преку интернет најпопуларно е меѓу жителите на Велика Британија со 82 проценти, Данска и Шведска со по 79 проценти, Германија 77, Луксембург 73 и Финска 72 проценти. Најмал процент на корисиници на интернет кои купуваат онлајн има во Романија 11 проценти, Бугарија 17 проценти и Естонија и Италија со по 29 проценти.

Истражувањето покажало дека жителите на ЕУ преку интернет најчесто купуваат облека, спортска опрема, книги, списанија, електронски едукативен материјал, како и резервирање туристички патувања. Бројот на жители на ЕУ кои се активини корисници на интернет изнесува 75 проценти од работоспособното население. Во Русија, според најновите податоци на Фондот за јавно мислење, 66,1 милион лица постари од 18 години користат интернет најмалку еднаш месечно. Тоа претставува околу 57 проценти од вкупното полнолетно население во земјата. Во септември околу 18 проценти од корисниците на интернет преку глобалната мрежа извршиле купување и нарачка на стока и услуги во онлајн продавниците.