Излезеноста на граѓани кои го остварија своето право на глас во вториот круг од претседателските избори и парламентарните на териториите на општините Охрид и Дебрца до 17 часот достигна околу 50 отсто.
До 17 часот излезеноста во Охрид е 49,51% за претседателските избори, додека за парламентарните избори 50,10 oтсто. Поднесени беа 12 приговори од лица кои не се внесени во Избирачкиот список. Од нив одбрени се 8 и на лицата им е овозможено гласање, три се одбиени, додека еден приговор е отфрлен, информираат од ОИК Охрид.
Во Охрид се гласа на 87 избирачки места, а во Избирачкиот список запишани се 51.717 избирачи за претседателските, додека за парламентарните 51.865 лица.
Излезеноста во Дебрца до 17 часот за претседателските избори е 50,84%, додека за парламентарните е 50,80 отсто, покажуваат податоците на ДИК.
Во Дебрца се гласа на 23 избирачки места, а во Избирачкиот список за претседателски избори запишани се 4001 лице, додека за парламентарните 4009 лица.
Избирачките места се затвораат во 19 часот.
Н.С.Ј.