Околу 50 пензионери oд Охрид во текот на претстојниот есенски период ќе одат на бесплатна бањско климатска рекреација. Според списокот на корисници кој деновиве го објави Министерството за труд и социјална политика, охридските пензионери ќе можат да се одмараат и да се рехабилитираат во Дебарски бањи, каде што е резервиран седумдневен престој.
Првата група пензионери заминува на бања на 9-ти септември, а последната група својот бањски третман ќе може да го искористи од 7-ми до 13-ти октомври 2015 година.
Услугата за бањско климатска рекреација, опфаќа шест полни пансиони, три оброци дневно, еден задолжителен здравствен преглед како и трошоци за превоз од местото на живеење на корисникот до бањата.
Оваа услуга може да ја користат лица корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со коишто се склучени договори за социјално осигурување.
OhridNews