Во Охрид викендов престојуваа околу 30.000 туристи. Исполнетоста на хотелските капацитети е околу 80%, додека во приватното сместување се бара кревет повеќе.

Автокамповите Елешец“, „Градиште“ и „Љубаништа“ се речиси целосно исполнети, а полни се и околу 6000 викенд станови.

За разлика од минатиот викенд, впечаток  е дека овој викенд многу помал број  возила  си замнинаа од градот.

Високите температури им одат во прилог на туристичките работници. Топлото време ќе потрае до крајот на јули, па оттаму и очекувањата дека бројот на гости ќе расте и преку недела.

ohridnews