Во јужен Лондон околу 300 натпреварувачи пливале во ладен базен, носејќи костими за капење како Борат. Воопшто не им пречел смешниот дизајн.


На натпреварувачите не им пречело студеното време, ниту температурата од само четири степени во лондонскиот базен. Храбро во неделата застанале на стартот и запливале. Облекле смешни костими кои во мода ги донесе популарниот Борат, фиктивен лик кој го измисли и го глуми британскиот комичар Саша Барон. Мажите ги прифатиле “малку поинаквите“ гаќички и спремно позирале пред многубројната публика. Девојките биле одушевени од костимите за капење и храброста на мажите. Водата била ладна и за пијалок, а камоли за пливање.