Вкупно 289 остварувања конкурираат за Оскар за најдобар филм кој ќе биде доделен во март 2014 година, соопшти американската Академија за филмски уметности и наука. За воопшто да бидат земени во предвид, филмовите мора да бидат премиерно прикажани во некои од кината во округот на Лос Анџелес пред полноќ на 31 декември и да бидат прикажувани најмалку седум последователни денови. Меѓу филмовите, кои според критичарите имаат најголеми шанци да се најдат меѓу номинираните за најдобро остварување се „12 години робство“, „Американска измама“ и „Гравитација“.
Номинациите ќе бидат објавени на 16 јануари, дидека 86. по ред доделување на Оскарите ќе биде одржано на 2 март. Полната листа на филмовите е објавена на веб страната на академијата. На неа покрај споментатите три се нашле и „Капетан Филипс“, „Филомена“ и „Небраска“, кои исто така спаѓаат меѓу потенцијалните добитници на номинации. Како што пренесува BBC, академијата соопштила и листа од 75 нумери кои конкурираат за Оскар за најдобра оригинална песна, како што се „Атлас“ од групата КОлдплеј за второто продолжение од филмот „Игри на гладта“. “Ordinary Love” од U2 за филмот „Мандела: Долгиот пат до слободата“ и “$100 Bill” на Џеј Зи за филмот „Големиот Гетсби“.