Од денеска стартува новата 2015/ 2016 учебна година за околу 275 илјади ученици во основните и средните училишта. Во новата учебна година според статистичките податоци во училишните клупи за прв пат ќе седнат околу 20 илјади првачиња. 

Пред почетокот на учебната година во Охрид беа преземени низа активности за подготовка на училишните згради и дворови. Деновие директорите на охридските училиштата го информираа градоначалникот Бакрачески за сите преземени активности во рамки на институциите кои ги раководат. Притоа беше подвлечено дека општината максимално ќе се заложи и ќе  помогне во исполнување на сите останати предуслови за беспрекорен почеток на учебна година и реализација на наставата во добри услови.

OhridNews