На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 503 лицa што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 202, Струга- 301), кои се сместени во четири сместувачки објекти, информира СВР Охрид.

Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизолација. Регистрирани се четири нови лица со решение за изолација и извршени се 24 контроли на лицата кои веќе се во изолација (Охрид-12, Струга-9 и Кичево-3). Евидентирани се 69 нови лица во самоизолација, (Охрид-10, Струга-42, Кичево-7, Дебар-10) и извршени се 287 контроли врз овие лица (Охрид-7, Струга-211, Кичево-3 и Дебар-66). – информира полицијата.

Изминатото деноноќие полициските службеници извршиле 42 контроли на угостителски објекти, но во дневниот билтен нема информација дали некој од нив ги прекршил пропишаните мерки.

Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 10.04. до 07.00 часот на 11.04.2020 годинa, четири лица во Кичево не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. – соопшти полицијата.

OhridNews