Околу 20 македонски камиони кои транзитирале низ Грција на автопатот од Солун кон Атина, кај местото Волос уништени се од страна на грчките превозници на цистерни кои протестираат на патиштата кон Атина, јавува „Макфакс“.

„Од вчера до денес околу 20 камиони се уништени, на неколку им се дупнати гумите, искинати им се црева за довод на бензин, тоа е направено од грчките демонстранти кои учествуваат на нивниот протест“, изјави Страшо Јованов од независниот синдикат на камионските транспортери, Макамтранс.

На некои од нив додека се движеле било фрлано со камења, а дел се уништени на паркинг плац.

Од синдикатот велат дека ќе го информираат МНР за случајот.

Грчките возачите протестираат против владиниот нацрт закон за либерализација на секторот.

Протестите веќе три дена го отежнуваат нормалното снабдување на земјата со горива и доведоа до создавање огромни колони пред бензинските станици.

OhridNews
извор: „Макфакс“