Околу 1000 ученици од Охрид ќе се вклучат во акцијата за пошумување „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ што ќе се спроведе ширум држава на 13-ти ноември.

Според најавите во охридско ќе бидат пошумени околу 60 хектари од што 10 хекатри во општина Дебрца.

За учениците и граѓаните кои ќе се вклучат во акцијата ќе биде организиран автобуски превоз до парцелите предвидени за засадување.

Ohridnews