Две години откако го претрпеа највисокиот пораз во историјата на НБА лигата, кошаркарите на Оклахома убедливо на домашен терен го совладаа синоќа Портланд со 139-77 и испишаа клупска историја.

Триумфот од 62 поени е највисока победа во клупската историја на Оклахома и петта најубедлива победа во историјата на НБА лигата.

Топ 5 најубедливи победи во НБА лигата::

73-Мемфис – Оклахома 152-79 (2 декември, 2021)

68 – Кливленд – Мајами 148 – 80 (17 декември, 1991)

65 – Индијана – Портланд 124 – 59 (27 февруари, 1998)

63 – ЛА Лејкерс – Голден Стејт 162 – 99 (19 март, 1972)

62 – Оклахома – Портланд 139 – 77 (11 јануари, 2024).

OhridNews