Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ доби исклучувачка грешка по неспортскиот потег на средбата со Мајами хит одиграна ноќеска.

Незадоволен од судиската одлука во претходниот напад, гостинскиот играч Маркиф Морис намерно прави фаул над Јокиќ на центарот на теренот. Србинот одговори со силен удар со рамо во грбот. Морис се најде на подот и по некое време на носилки беше изнесен од теренот. Подоцна тој на нозе ја напушти соблекувалната на Хит.

Од Мајами соопштија дека Морис најверојатно има повреда на вратот.

До моментот на исклучувањето, Јокиќ на теренот помина 33 минути и имаше трипл-дабл, 25 поени, 15 скока и 10 асистенции.

Денвер го доби мечот со 113:96, но многу веројатно во следниот период ќе биде без својот центар кого го очекува казна од надлежните во НБА-лигата.

 

OhridNews