Најдобриот кошаркар во НБА лигата, Никола Јокиќ, ова лето нема да игра за репрезентацијата на Србија.

Репрезентацијата на Србија ја очекува настап во квалификациите за пласман на Олимписките игри. Доколку го освојат турнирот во Белград, Србите ќе учествуваа та Игрите во Токио.

Жалам што морам да соопштам дека и покрај големата желба не сум во можност да настапам за репрезентацијата. Едноставно, состојбата во кое се наоѓа моето тело бара подолг одмор. Таков е и ставот и сугестијата на клубот и тоа причина која морам да ја прифатам. Верувамд ека и без мене, момците имаат квалитет да направат резултат кој ќе ни донесе многу радост“, изјавил Јокиќ за „Танјуг“.

Јокиќ, ги одигра сите 72 натпревари за Денвер Нагетс, во регуларниот дел од сезоната и потоа одигра уште десет натпревари во плеј-офот.

Од 1.август, минатата година, Јокиќ одиграл 109 натпревари, во просек на теренот бил по 35 минути.

OhridNews