По неколкуте препукувања помеѓу Дејан Пановски-член на институтот „Павел Шатев“, поддржан од ВМРО ДПМНЕ, со реакција денеска се јави Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Во соопштение кое е продолжение на рагорената политичка борба далеку пред почетокото на локалните избори, се вели:

„Последната реакција на партијата СДСМ за основањето, работата и активностите на Институтот на ВМРО-ДПМНЕ “Павел Шатев“ како и за личностите вклучени во неговата работа само говори за ниското ниво на комуникација на кое паднала оваа партија. Речникот кој се користи, навредите и омаловажувањата говорат дека Социјал-демократите поминуваат низ навистина тежок период. Затоа не би сакале да невлегуваме во демантирање на неговата содржина, туку само би констатирале дека ова е уште еден доказ дека полседната трибина на Институтот “Павел Шатев“ на тема “Кризата на левицата“ навистина беше потребна и оправдана.

Се надеваме дека СДСМ што поскоро ќе ја надмине оваа криза и со слични активности, преку институт, фондација или слична форма ќе ги спротистави гледиштата на интелектуалците од левицата со интелектуалците од демо-христијанска и конзервативна ориентација членови на Институтот на ВМРО-ДПМНЕ “Павел Шатев“- се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ.