“Ги следиме електронските и печатените медиуми, ги следиме веб-страните на локалните самоуправи во Македонија. Слушаме и гледаме за странски инвестиции во Струмица, Битола, Гевгелија, Кочани.
Не можеме да сфатиме зошто Охрид со својата долгогодишна традиција на секој план, не е доволно атрактивен за привлекување странски директни инвестиции или можеби, локалната самоуправа воопшто не се занимава со овие можности”, подвлече Костоска.
ВМРО ДПМНЕ со нови критики кон градоначалникот
Преку денешната прес-конференција, Славица Костоска го запраша градоначалникот Петрески, зошто долгоподготвуваната стратегија за одржлив локален економски развој, донесена како акт со 232 страни остана само на хартија. Како што беше речено на пресот, првиот човек на општината досега не одговорил на ниту едно прашање адресирано до него, а тоа, во партијата го сметаат како потврда на нивните констатации за актуелните состојби.