Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Стефансоки изразува сомнеж околу изјавите на градоначалникот Александар Петрески дека долгот кон претптријатието Гранит е намален од 6 милиони на околу 600 000 евра.

 – Нека го покажат тоа написмено, со факти и документи и тогаш ќе поверувам во овие изјави на градоначалникот. Тој сам изјави дека нема волшебно стапче за да го врати долгот преку ноќ, потоа изјави дека некажувал како го вратил долгот за некој да не му ја земел функцијата. Јасно станува дека овде се работи за еден медиумски трик на службата за односи со јаноста на градоначалникот и додека не покажат со документи дека долгот е вратен јас во тоа лично неверувам, а во следниот период тоа и ќе се докаже – изјави петседателот на О.К. ВМРО ДПМНЕ на Охрид, Владо Стефансоки во емисиајта Соочување со Љупчо Таневски на Радио Охрид.
 
Стефаноски рече дека не може за релевантни да се земаат изјавите од Стојан Велјаноски – Фирфи кој е неформално вклучен во целата работа со преговорите околу долгот кон Гранит, и дека за релевантни се сметаат само изјавите од официјалните лица на Општина Охрид, кои истите тие изјави не ги поткрепуваат со докази.
 
Нека ми одговори секотрот за односи со јавност како се вратил долгот, нека го покажат тоа и јас потоа јавно на градоначалникот ќе му се извинам, а вака е очигледно дека се работи за кревање врева и фалење во медиумите – рече Стефаноски.

Стефаноски реагира и на изјавите на градоначалникот дека Локалната самоуправа обезбедила средства за уривање на библиотеката, а притоа нашла и спонзри.
 
– Парите кои градот ќе го потроши за уривање на библиотеката ќе ги фактурира до ресорното министерство и истите ќе му бидат рефундирани. Така да не е точно дека уривањето не објектот ќе падне на трошок на локалната самоуправа бидејќи парите ќе се вратат назад, еднсотавно повтроно доаѓаме до тоа дека градоначалникот постојано со тимот за односи со јавноста се претставува во медиумите како некој кој се прави, а тоа доведува до недоразбирања и прекин на комуникацијата со властите во Скопје– рече Стефаноски.

ohridnews