Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од  Охрид во соопштението  за јавност денеска го обвини  СДСМ дека ги забавува евроаталантските интерграции на Р. Македонија.

ВМРО ДПМНЕ смета дека единствена цел на СДСМ не е подобрување на состојбите во Македонија, туку враќање на партијата на власт по секоја цена.

„Тие што не се двоумеа во 2001-та да предизвикаат војна за да се вратат на власт не се двоумат и денес во својата слепа борба за власт да предизвикуваат вештачки кризи и да ја уназадуваат државата во реализирирањето на нејзините стратеши цели во НАТО и Европска Унија“ се вели во соопштението на ОК на ВМРО ДПМНЕ, што претставува продолжение на серијата меѓупартиски препукувања во Охрид.

ohridnews