Со коктел што вечерва ќе се одржи на плажата „Кадмо“, Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, ќе го одбележи 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
На свеченоста покрај членови на партијата поканети се гости од политичкиот и јавниот живот на Охрид.
Македонија годинава по четврти пат го празнува 23 Октомври како државен празник. На овој ден 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО).
OhridNews