Претседателот на Општинскиот комитет на Вмро Дпмне – Охрид, Сашо Донев, денеска упати јавен повик за ажурирање на членството на партијата и борба против власта, за која истакна дека ги разочарала охриѓани, кои, како што рече, се загрижени за иднината поради политичките, економските и општествените црнила.
Ни треба мобилизација затоа што сите делиме исти маки и проблеми.
Затоа сите членови поддржувачи на ставовите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ Ве повикуваме да го ажурирате своето членство во партијата во која ја делиме заедничката цел.
Особено сакам да ги повикам сите неопределени граѓани и симпатизери да се зачленат и придружат во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ. – рече Донев.
Ажурирањето започнува од денес, 1 декември секој ден од 18:00 до 21:00 часот во просториите на Општинскиот Комитет, додаде претседателот на ОК Вмро Дпмне Охрид.
OhridNews