Наместо проекти за Охрид и Македонија, ние гледаме безредие, урбано дивеење, економски колапс и хаос на секое поле, но и пренамена на средства од капиталните инвестиции во пари кои на СДСМ им служат за предизборен поткуп, обвини денеска на прес конференција портпаролот на ОК ВМРО ДПМНЕ Перчо Божиноски.
Граѓаните се препуштени самите на себе, а бројката на заболени од коронавирусот во Охрид секојдневно се зголемува. Македонија секојдневно брои трицифрени бројки на заразени граѓани и за жал починати граѓани, рече Божиноски.
Дали имате грам совест затоа што рушиме рекорди по заболени луѓе и луѓе кои ги губат своите животи? Зошто не помислувате за луѓето со хронични заболувања и ризичните групи граѓани над 65 години? Дали свесно сакате мала излезност барајќи ја сламката за спас да избегате од одговорност? СДСМ се плаши од голема излезност и казна од народот. Затоа е потребно да се изработат протоколи на гласање, избирачкиот список да се прочисти и само тогаш кога ќе биде присутна мисија на ОБСЕ и ОДИХР во Македонија може да зборуваме за фер и демократски избори. – истакна Божиноски.
OhridNews