Нека одговори: зошто иако се планирани во Програмата за одржување на патишта и улици нема ни еден денар инвестиции во Косел, Велестово, Скребатно, Елшани, Рача, Љубаништа, Ливоишта, Вапила. Реализацијата на овие делници е нула.
Нека одговори: зошто иако е предвидено во Програмата за одведување и прочистување на отпадни води, нема ни денар инвестиција за изградба на атмосферска канализација, и само една половична инвестиција од фекалната канализација.
Нека одговори: зошто од Програмата за изградба на системи за водоснабдување за 2010 год, освен три зафати нема реализација на преостанатите 26 цели кои се дел од програмата.
Во културата инвестициите се само 23 посто. Затоа му препорачуваме да изврши набавка на поголеми количина на делото Звонарот на Богородичната црква во Париз, за да можеме да водиме полемика и разлика во термини и имиња!
Сепак, искористеноста од 70 посто на Буџетот е најмногу поради 104 процентната искористеност на средства за градежно земјиште каде што е несомнен интересот на квази Градоначалникот.
Каде и кои се тоа 44 милиони денари разни трансфери од буџетот? Каде се отидени 213 милиони денари од ставката други градежни објекти? А нормално максимално се искористени и средства за патни трошоци и шетање при што Австралија тука не му ја броиме. – велат од ОК ВМРО ДПМНЕ.