Вербалната војна помеѓу најмоќните партии од власта и опозицијата продолжи со контра обвинувања од ВМРО ДПМНЕ на адреса на СДСМ.
ВМРО ДПНЕ ја обвини СДСМ дека се обидува вештачки да предизвика политичка криза за да го сокрие раздорот во сопствените редови. Обвинувањата на СДСМ се нереални и имаат за цел да ги минимизираат успесите на актуелната влада кои се очигледни, рече Наташа Спасеска, од ОК ВМРО ДПМНЕ.
ОК на ВМРО ДПМНЕ со контра обвинувања
Апелираме до СДСМ наместо да се „грижи“ за граѓаните и да поставува прашања да одговори кој ја режираше и ја реализаираше криминигената приватизација во Македонија, пирамидалното штедење и кој ги создаде олигарсите во Македонија?, рече Спасеска.
„Бараме од СДСМ да одговори кој ги однесе под стечај најголемите охридски фирми. Кој го направи ЕМО од 4-та фирма според профитабилноста во 2002 година која што немаше никакво кредитно задолжување и побаруваше 100 милиони евра од ЕСМ, во фирма што во 2007 година е пред стечај? Би биле многу благодарни на следната прес конференција СДСМ да им ја расчисти дилемата на граѓаните кој на кого му е шеф? Градоначалникот на шефот на неговиот кабинет или шефот на кабинетот на градоначалникот, кој што ионака му е шеф како претседател на општинската организација на СДСМ“, рече Спасеска.
Во реакцијата по повод вчерашната прес конференција на охридските социјалдемократи, Спасеска рече дека Владата го исполнува ветеното, како и дека има високо ниво на демократија и грижа за сопствениот народ. Рејтингот на лидерот на СДСМ Шеќеринска од 2% наспроти Никола Груевски кој има рејтинг од 30 % доволно зборува дека народот ја одобрува владината политика, рече Спасеска. Според неа владата не е виновна за покачувањето на цените на основните прехрамбени производи, туку дека тоа е последица на големата суша, а државата ги презема сите неопходни мерки дозволено во едно пазарно стопснство да ги ублажи состојбите.
Г. Момироски