Ногачески повторно тонe во сопствените лаги и ја замајува јавноста, велат од ОК ВМРО ДПМНЕ – Дебрца, на денеска изнесените обвинувања од страна на ОО СДСМ – Дебрца за злоупотреби со службените патувања на актуелниот градоначалник на општината Трајкоски.

-Доколку Господинот Ногачески, зборувате и обвинувате за нешто што не е вистина како што тврдите, изминативе години додека Општина Дебрца ја водеше Трајкоски, лично Вие сте подигале дневници за патувања во земјата и доколку имавте доблест и грижа за Општина Дебрца, зошто не се откажавте од дневниците кои Вие лично ги подигавте од касата на општината, за што Ви приложуваме патен налог потпишан лично од Вас. – се вели во демантот на ВМРО ДПМНЕ.

На 15 Октомври нема да помогнат лаги смета ВМРО ДПМНЕ, која го обвини противкандидатот за градоначалник Ногачески дека  најголемо мото, поттик и желба да стане Градоначални му бил личниот интерес.

-Затоа господине Ногачески, народот добро ги познава проектите кои се реализираа во Општина Дебрца и на 15 Октомври ќе го избере бројот 13 и ќе гласа за Игор Трајкоски и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, за голема победа во првиот изборен круг. – се вели во соопштението.

OhridNews