Митингот кој што ВМРО ДПМНЕ  го организираше во неделата во Охрид според сите проценки е најголемиот собир одржан во Охрид по осамостојувањето, но нашите политички противници два дена по него сеуште се занимаваат со некаков смет што останал по завршувањето на настанот, реагираше денеска ОК ВМРО ДПМНЕ.

„Ние не порекнуваме дека имаше такви проблеми но тоа можеше да се очекува на митинг на кој имаше помеѓу 20 и 25.000 луѓе, поради што ние во подготовките на митингот навремено ги информиравме сите надлежни служби, како и општинските служби за собирот да помине во најдобар ред“, рече Јованчо Селуловски, портпарол на ОК ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата што се одржа денеска.


Митингот помина во беспрекорна организација – Јованчо Секуловски

Митингот помина во беспрекорна атмосфера без ниту еден инцидент што навистина е успех со оглед на масовноста на истиот, додаде Секуловски. Тој информираше дека Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ заедно со надлежните служби презела навремени мерки да се обележи и заштити зеленилото во градот и дека во центарот на градот не може да се забележат никакви оштетувања на зеленилото. „Затоа чудесни се обвинувањата кои доаѓаат од Комуналното претпријатие во Охрид и другите надлежни служби дека митингот поминал во некаква вандалска, некултурна и непристојна атмосфера, дека се исфрлиле тони смет кои не знаеме тогаш како толку брзо успеал да се расчисти“, рече портпаролот Секуловски. Тој напомена дека младите активисти на партијата утрото по митингот учествувале во собирањето на сметот заедно со комуналното претпријатие и на неколку часови по митингот на плоштадот не се забележувало дека се одржал толку градниозен митинг.

„На коалицијата „Сонце“ која во својот слоган никаде не го содржи името Македонија, што е малку чудно, би сакале да и порачаме дека сметот каков и да бил на десет часа после митингот беше потполно расчистен, а сметот што СДСМ го остави во Македонија не може да се исчисти 20 години“, рече на прес конфренцијата Секуловски.

ohridnews