На обвинувањата на СДСМ за прекумерно трошење на општински пари од актуелната локална самоуправа, реагира ОК ВМРО ДПМНЕ, која смета дека истите се лажни обвинувања, посочувајќи дека кандидатот за градоначалник Ногачески треба да објасни како локалната власт во 2006 и 2007 трошела пари на репрезентација за што презентира документи.
„Кога СДС зборува за трошење нека си ги погледне картиците од 2006 и 2007 година, каде имаат потрошено за гозби и ручеци неверојатни суми на средства и кога би се направила компарација помеѓу овие години и сега кога трошоците за живот се драстичночно зголемени во однос на 2006 и 2007, ќе се увиди дека последниве години трошоците за репрезентација се минорни со оглед на тоа што тука спаѓаат и трошоците за верскиот празник Василица.
Како и претходно, секогаш ќе зборуваме со факти, а Ногачески нека продолжи да тони во калта и да пропаѓа во сопствените лаги како никогаш досега, односно се фаќа во мрежата која сам си ја плетит. Народот знае кој работи за него, кој реализира проекти и на Ногачески нека му биде јасно ако сеуште нема сватено дека на 15 Октомври, граѓаните од Дебрца ќе го дадат гласот за Игор Трајкоски со заокружување на бројот 13 и голема победа уште во првиот круг.“ – се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Дебрца.
OhridNews