По вчерашната сеанса за екраните стана сосема јасно дека локалната власт нема никаква одбрана за коруптивното владеење и се користи со смешни обвинувања, стои во реакцијата на ОК на ВМРО- ДПМНЕ во врска со вчерашната прес конференција на градоначалникот и ТЛЕР за набавка на информативните екрани на допир .

Од ВМРО- ДПМНЕ, меѓу другото,  прашуваат зошто раководителот на ТЛЕР и Градоначалникот лажат дека имало 13 пријавени на тендерот за екраните кога е јасно дека има само 2 пријави. Раководителот на ЛЕР и градоначалникот да и одговорат на јавноста дали е точно дека  главниот фаворит на тендерот за екраните е  фирма на истиот сопственик кој го добил и тендерот за скандалозниот Духот на Охрид, дали на екраните на допир ќе може конечно граѓаните да видат каде локалната власт во Охрид ги троши парите на граѓаните, затоа што општинските раководители на Охрид тој податок упорно го кријат, како и  дали фактот дека Градоначалникот никогаш ништо не одговорил туку само споменува  градови и проекти за кои ниту ние во Охрид ниту тој  е надлежен , укажува дека со тоа тој бега од вистината и ја скрива корумпираноста, стои во реакцијата на ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews