ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид со соопштение до јавноста реагира на изнесените ставови на ОО СДСМ – Охрид на вчера одржаната прес конференција на која социјалдемиократите го оспорија изборот на новите судии во Основниот суд во Охрид:
„Имено 4-те ново избрани судии во Основниот суд Охрид не ги избра ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид туку Републичкиот судски совет, врз основа на претходно објавен конкурс. РСС не ги избра судиите заради потребите на ВМРО-ДПМНЕ туку заради потребите на граѓаните бидејќи веќе една година работи со 5 судии помалку а годишно решава 40.000 предмети.
Што се однесува до партизацијата на судството, точно е дека е извршено во не толку далечната 1996 год. кога СДСМ изврши упад во судската власт и без опозиција во парламентот изврши избор на судии според партиска подобност а не според квалитет. Последиците од тој избор и ден денес ги чувствуваат граѓаните на сопствен грб. Повеќе од сигурно е дека постојаните критики од меѓународниот фактор на сметка на судството се последица на изборот на СДСМ од 1996 год. бидејќи судиите имаат доживотен мандат.
Во врска со стечајците, малку повеќе грижа требаше да води СДСМ во периодот до 2006-та година. Само за нивно потсетување, токму СДСМ и нивната олигархија ги создаде стечајците и остави илјадници семејства на улица, бидејќи граѓаните добро се сеќаваат а очигледно е дека само СДСМ е со кратко паметење.
Апелираме до СДСМ во својата очајна борба за подигнување на рејтингот да престанат да ја злоупотребуваат судбината на најзагрозената категорија граѓани која што тие ја создадоа во изминатите 17 години криминогена транзиција предводена токму од нив, со што го достигнаа нивото на политички безобразлук и дното на политичка некултура, без трошка одговорност за штетите кои им ги нанесоа на граѓаните“, се вели во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид.
ohridnews