Меѓу нив, особено акцент се става на прашањето околу паркинг плацевите југозападно од кафе барот Адмирал, како и просторот пред зградата на Политичките партии.
Од ВМРО- ДПМНЕ Струга, прашуваат и дали општинската администрација има доставено проекти до Министертсвото за транспорт и врски од областа на комуналната инфраструктура, поточно за населените места Враништа, Радожда, Драслајца и Мороишта кои се директни загадувачи и кои не се поврзани со колекторскиот систем. Бараат информација за тоа кога ќе отпочнат завршните работи за асфалтирање на патот Струга-Мислешево и Мислешево-Евро хотел, со оглед на фактот дека Владата на РМ има обезбедено средства за реконструкција и доизградба на локални патишта.
Меѓу другото, оваа партија од локалната администрација бара и одговор- дали е испочитувана законската регулатива околу редоследот и јазикот на кои се именуваат или се испишани називите на населените места во општина Струга.
ОК на ВМРО- ДПМНЕ Струга, смета дека јавноста треба да биде запознаена и со информациите за состојбите во врска со поставување на урбана опрема на улиците, со посебен осврт на горниот дел од кејот, на плажите и колку се почитуваат донесените програми-одлуки за поставување на истата.