Фудбалскиот клуб Вардар повторно влегува во нова длабока криза. По завршувањето на есенскиот дел од  првенството серијата проблеми го натераа скопскиот градоначалник, Трифун Костовски дефинитивно да се повлече за што го информирал ИО на Вардар.

Најтрофеејниот клуб се наоѓа во расчекор со желбите и можностите.

Силно најавувааниот проект “европски Вардар“ се распука кака балон од сапуница,а “Црвено-црните“ заминаа на зимската пауза со 11 меча без победа и елиминирани од националниот куп.

Во периодот од шест месеци, сменаа три тренери (Ратко Достаниќ, Жикица Тасески и Милко Ѓуроски), а стартот на вториот дел од сезоната ќе го пречекаат без спонзор и тренер.

Останува неизвесна судбината на играчите на Вардар, кои во летниот преоден рок беа дел од големата преселба од Работнички.

М.Постоловски