„Со координирана работа со Советот на општина Охрид и локалната администрација ќе ја забрзаме динамиката за реализирање на веќе започнатите проекти, а паралелно ќе ги привршуваме постапките за почеток на новите“, рече по денешното врачување на Уверението од страна на Општинската изборна комисија, новоизбраниот градоначалник Константин Георгиески.

  • -Програмата, со бројните проекти речиси во сите сегменти на подобрување на животот во Охрид, добро и се познати на јавноста. Верувам во себе и моите соработници и ги уверувам граѓаните дека ќе го реализираме  ветеното. Ја користам приликава да им се заблагодарам на  сите граѓани кои гласаа за мене, мојата програма и визијата за поубав и попросперитетен Охрид. Ги уверувам и оние охриѓани кои гласаа за противкандидатот, дека ќе бидам градоначалник на сите граѓани и ќе ги вложам сите лични капацитети да го реализирам ветеното, рече Георгиески.

Уверението за извршување на градоначалничката функција на градоначалникот му беше врачено од страна на претседателот на ОИК, Климент Камнароски, во присуство на сите членови од комисијата.