Општинската изборна комисија во Охрид започна со редовните активности околу претстојните локални и претседателски избори. Многу брзо треба да бидат составени и избирачките одбори, најавија од комисијата.

Согласно измените во изборниот законик, во избирачките одбори, покрај членовите и замениците од редовите на државната администрација, ќе  има и членови на најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.

Извесни измени претрпе и Општинската изборна комисија. Претседателката, Марика Ангелеска, дипломирана правничка останува и натаму да ја врши оваа функција. За нејзина заменичка е назначена Радмила Матјаноска.Членови на ОИК се Станко Јовчески, Митре Николоски, Ранко Крстески и Ѓорѓи Бошале, а нивни заменици се Живко Митаноски, Габриела Патчева, Зора Бушовска и Жаклина Михајловска.

На 22 март, за претседател на државава, за градоначалник и за советници ќе се гласа на 73 избирачки места.

Ohridnews