Сонот за златен медал од Олимписките игри останува неостварен за Новак Ѓоковиќ, откако српскиот тенисер претрпе пораз од Александар Ѕверев и доживеа елиминација во полуфиналето.
Поразот и елиминацијата на Ѓоковиќ се сензационални, затоа што најдобриот тенисер до полуфиналето беше без игубен сет, а и пресметката со Ѕверев ја отвори со 1-0. Германецот се консолидираше изедначи на 1-1, а во третиот решавачки сет го растури Ѓоковиќ, победувајќи го со 6-1.
Ѓоковиќ ќе се бори за бронзата, а противникот на Ѕверев во големото финале на Олимписките игри во Токио е Карен Качанов, кој во полуфиналето го елиминираше Карено Буста во два сетови.
OhridNews