Таму некаде околу дното беа постигнатие резултати на македонските преставници на последните Олимписки Игри.

По настапите на нашите избраници ќе се покренат прашањата дали тие беа вистинските кои требаше да ги добијат вајлд картите, (поканите за настап на игрите).

Дали некои други спортисти ќе ја преставеа во подбро светло нашата земја?

Дали институциите во државата им овозможија на олимпијците средства и вистински подготвки ?

Но најголемиот проблем во сета оваа ситуација е што ништо нема да се промени.

Игрите ќе завршат, нови ќе почнат, а ние само ќе се давиме во потпросечноста и благодарение на вајлд картите ќе бидеме дел од Олимписките Игри.

За нешто повеќе, тешко ! !

Еве ги постигнатите резултати на седумината “маченици“

Мурад Рамазанов во категоријата до 60 кг се пласираше на седмото место меѓу 19 борачи .

– Кајакарот Атанас Николовски, кој настапи со остварена норма во дисциплината К-1, се пласира на 19. место од 21 натпреварувач.

 – Стрелецот Сашо Несторов го освои последното 51. место во дисциплината 10 метри со воздушна пушка.

 – Пливачот Михајло Ристовски кој постигна личен рекорд заврши на 55. место од 57 натпреварувачи на 200 метри слободно.

 – Личниот рекорд на пливачката Елена Поповска беше доволен за 47. од 48 натпреварувачки на 100 метри слободно.

 – Во атлетика, во дисциплината 100 метри Ивана Рожман го освои 69. место од 85 натпреварувачи

 – Охриѓанецот Реџеп Селман заврши последен, на 37. место, во трискок.

М.Постоловски