Тринаесетгодишната јапонска скејтбордерка Момиџи Нишија освои злато на Олимписките игри во Токио во уличната дисциплина.

Нишија до медал стигна на возраст 13 години и 330 дена, со што стана втората најмлада олимписка шампионка на Летните игри.

Рекордот и припаѓа на Американката Марџори Гестринг, која победи во скокови во вода на Олимписките игри во Берлин во 1936 година на возраст од 13 години и 268 дена.

Натпреварите во скејтборд се одржуваат за прв пат во историјата на олимпиското движење.

Бразилката Рајса Лил која освои сребрен медал исто така има неполни 14 години. Фуна Накајами која стигна до бронзата е на возраст 16 години.

OhridNews