Ариарна Титмус на 400 метри слободно, Адам Пити на 100 метри градно, Меги Мекнил на 100 метри делфин и американската штафета на 4 по 100 метри слободно ги освоија златните медали во пливање на вториот натпреварувачки ден од Олимписките игри во Токио.

Херој на денот е Австралијанката Титмус, која од тронот успеа да ја симне Американката Кејти Ледицки. Титмус одработи тактички маестрална трка. Цело време и дишеше во врат на Ледецки, за да на крајот го засили темпото и избие на првата позиција. На третата позиција во 400 метри слободно заврши кинеската пливачка Ли Бинџи.

Британецот Адам Пити го одбрани златото од Олимписките игри во Рио, победувајќи во Токио во дисциплината 100 метри градно. Пити од почетокот од крајот водеше и за време од 57,37 ја помина делницата. Од 2014 година Пити е непобедлив трките во оваа дисцплина, без разлика дали се работи за европски или светски натпревари.

Светската титула на 100 метри делфин ја освои Маргарет Мекнил. Девојката родена во Кина пред 21 година медал донесе за Канада. Во возбудливо финале, Мекнил, за само 11 стотинки не го сруши рекордот Сара Сјостром.

Американската штафета на 4 по 100 метри слободно во машка конкуренција доминатно стигна до златото, победувајќи пред Италија и Австралија, кои на целта задоцнија повеќе од две секунди.

OhridNews