Шпанската тенисерка Паула Бадоса го предаде натпреварот против Чехињата Маркета Вондроусова, во 1/4 финалето на Олимписките игри поради последици од топлото време во Токио.

Бадоса поради лекарска помош, а тие констатираа дека шпанската претставничка има доживеано топлотен удар и не смее да го продолжи натпреварот. Во моментите кога Бадоса се пожалила на главоболка бројките на термометарот покажувале 32 целзиусови степени.

Шпанката од теренот беше изнесена со количка. Под прашалник е доведен нејзиниот настап во двојки.

Вондроусова во 1/2 финалето на Олимписките игри ќе се сретне со Украинката Елена Свитолина, која во 1/4 финалето ја совлада Камил Џорџ во два сетови.

OhridNews