Американските и австралиските пливачи го одбележаа натпреварувачкиот ден во пливање на Олимписките игри во Токио.

Американецот Кејлеб Дресел се закити со златен медал на 100 метри слободно, победувајќи со време 47,02 секунди, што претставува нов олимписки рекорд. Зад Дресел завршија Кајл Чалмерс од Австралија и Климент Колешников од Русија.

Ајзак Стаблети – Кук од Австралија го освои златниот медал на 200 метри градно. Холанѓанецот Арно Каминга беше главен фаворит за златото, но сепак замина кај Австралиецот кој трката ја заврши со време на нов олимписки рекорд  2:06.38.

Американскиот пливач Роберт Финк, пак, го освои златото на 800 метри слободно. 21-годишниот Финк трката ја заврши со време од 7:41.87 минути, пред Италијанецот Пантринијери и Романчук.

Кинеската пливачка Јуфеј Жанг освои злато со нов олимписки рекорд на 200 метри пеперутка со време од 2:03.86 минути. Реган Смит беше втора, а Фликингер ја освои бронзата.

OhridNews