Рекетот број еден, Новак Ѓоковиќ се пласираше во топ 8 на Олимписките игри во Токио. Српскиот тенисер во 1/8 финалето во два сетови (6-3, 6-1) го совлада Шпанецот Алехандро Давидовиќ Фокино.
Ѓоковиќ од почетокот до крајот на мечот доминираше и на тој начин ја оправда фаворитската улога со младиот шпански тенисер. Србинот дуелот со Шпанецот во своја корист го реши за еден час и 23 минути.
Ривал на Ѓоковиќ во 1/4 финалето на тенискиот турнир на ОИ ќе му биде Кеи Нишикори. Јапонецот прогрес помеѓу осумте најдобри обезбеди после победата над Илија Ивашка.
Најпријатно изненадување во осминафиналните пресметки приреди Германецот Уго Умберт, кој во три сетови го елиминираше четвртиот носител Стефанос Циципас.
Двојки 1/4 финале:
Зверев (Германија) – Шарди (Франција)
Качанов (Русија) – Умбер (Франција)
Карено-Буста (Шпанија) – Медведев (Русија)
Ѓоковиќ (Србија) – Нишикори (Јапонија)
OhridNews