Соседно Косово се закити со втор медал на Олимписки игри во Токио. Новиот медал со златен сјај го донесе џудистката Нора Ѓакова.

Таа, триумфираше во својата категорија до 57 килограми. Ѓакова не се бореше во финалето, откако ривалката од Франција Сара Леони Сисики беше дисквалификувана.

Првиот медал на Косово од Олимписките игри во Токио беше дело на Дистрија Красниќи исто така во џудо. Косово може да се пофали со три златни одличја од Олимписките игри, едно од нив беше освоено на игрите во Бразил во 2016 година.

OhridNews