Унгарскиот претставник Криштоф Милак постигна најголем успех во новиот натпреварувачки ден во пливањето, освојувајќи златен медал со олимписки рекорд.
Милак, триумфираше на 200 метри пеперутка со време за 1 минута, 51 секунда и 25 стотинки, подобровувајќи го рекордот на Мајкл Фелпс од Пекинг во 2008 година. Јапонецот, Томору Хонда доплива до среброто, а Федерико Бурдисо од Италија беше бронзен.
Британската штафета во 4х200 метри слободно во состав Том Дин, Џејмс Гај, Метју Ричардс и Данкан Скот изненадувачки доплива до златниот медал на олимпискиот пливачки турнир со втор најдобар резултат на сите времиња и нов европски рекорд (6:58.58). Среброто го освои Русија, додека со бронза се закитија Италијанците.
Австралијката Титмус најавува дека ќе биде хероина на овие ОИ. Таа го освои вториот златен меда. По златото на 400 метри слободно, таа го освои најсјаното одличје и на двојно пократката делница. Златниот медал го освои со нов олимписки рекорд, 1:53.50 минути. Второто место и припадна на Сионхам Бернадет Хјуи од Хонг Конг, а бронзата ја освои Канаѓанката Пени Олексјак. Олексјак стана најтрофејната Канаѓанка во историјата на ОИ со шест медали.
Легендарната Американка Кејти Ледецки, не успеа да ги одбрани златните медали на 200 и 400 метри, но победи во новата дисциплина во женска конкуренција, 1.500 метри. Ледецки победи со време 15:37.34 минути. Нејзината сонародничка Ерика Саливен го освои второто место, а трете беше Германката Сара Колер.
OhridNews