Откако го судеа финалето на Европското првенство во 2020 година, македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија уште едно големо признание да ја делат судиската правда на машкото ракометно финале на Олимписките игри во Токио.
Финалето во кое олимпискиот и светски првак Данска ќе игра против Франција е на програмата в сабота со почеток во 14 часот.
Пресметката за златниот медал ќе биде седми натпревар за македонската судиска двојка на Игрите во Токио.
Начевски и Николов претходно судеа шест натпревари во групната фаза, а беа главни арбитри и на четвртфиналниот натпревар меѓу Германија и Египет.
Најдобрите македонски ракометни судии беа меѓу арбитрите и на Олимписките игри во Рио де Женеиро во 2016 година.
OhridNews