Охриѓанецот Реџеп Селман на 37 место од 39 натпреварувачи го заврши дебитантскиот настап на ОИ во Пекинг.

Селман кој настапи во дисциплината трискок не успеа да го поправи личниот рекорд 15,46 м постигнат во Словачка годинава.

Охриѓанецот во првата серија скокна 14.98 м,  во втората и неговата најдобра 15.29 м, додека во третата прескокна 15.28 м.

Утре е последниот настап на нашите натпреварувачи.Во 3 часот во дисциплината борење до 60 килограми ќе настапи Мурад Рамазанов, кој отпатува со остварена олимписка норма.

М.П.