Американскиот пливач Мајкл Фелпс на петиот ден стигна до петтиот златен медал на Игрите во Пекинг.

Фелпс кој е “главна“ звезда во Пекинг триумифраше на трката 200 метри пеперутка со време од 1 минута, 52 секунди и 3 стотинки, подобрувајќи го светскиот рекорд за 6 стотинки.

Претходно Фелпс ја предводеше амриканската штафета 4 пати по 200 слободен стил до нов светски рекорд и ново злато. Американската штафета во состав Фелпс, Бернс, Вандеркеј и Лошт ја исплива делницата за шест минути, 58 секунди и 56 стотинки подобрувајќи го рекордот за 4 секунди и 86 стотинки.

ohridnews



© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com