Спортот повторно ја обедини Македонија. Овој пат главната улога му припадна на таеквондистот Дејан Георгиевки, кој вчера, во апсолутна категорија се искачи на второто место на пиедесталот освојувајќи го сребрениот медал. Георгевски до финалето беше неверојатен, а во мечот за златен медал претрпе пораз од Русинот Владислав Ларин, кој славеше со 15-9.

Честитки за успехот и првиот медал за Македонија од Олимписките игри по пауза од две децении дојдоа од сите страни, се од врвот на државата до спортските клубови во екипните спортови.

Сребрениот вреден како злато. Дејан, ти си нашиот олимписки херој. Твојот успех е историски за Северна Македонија, – напиша претседателот на државава, Стево Пендаровски.

Георгиевски, пак, скромно се заблагодари за поддршката и најави нови големи успеси на следните натпреварување кои следуваат.

Првата борба ми беше најтешка. Незнаев како ќе се одвива и затоа ја издвојувам како најтешка. Имав супер турнир, но штета што загубив во финалето. Таму одлучуваа моменти. Се надевам на нови успеси на Светското и Европското првенство, кои следуваат, – рече Георгиевски.

 

22-годишниот Георгиевски е втор македонски спортист кој освоил медал на Олимписки игри после осамостојувањето. Прв беше Могамед Ибрагимови во борење во игрите во Сиднеј 2000 година.

OhridNews