Пливачката Миа Блажевска-Еминова имаше успешен настап во квалификациите на 100 метри слободно, победувајќи во својата квалификациска група.

Најмладата олимпијка во македонска историја делницата од 100 метри ја помина со време 57.19 секунди, што се покажа доволно за победа. Нејзиниот најдобар резултат е близок (57.11 секунди) кој сигурно ќе биде нападнат во втората фаза од квалификациите.

Второпласирана во квалификациска трка заврши Крокс од Нов Зеланд, а третопласирана финишираше претставниката од Коста Рика.

OhridNews