Вообичаената пракса на отворање на Олимписките игри на спортски стадион би можела да биде прекината на Игрите 2024 во Париз, откако организаторите најавија можно сценарио свеченоста да биде одржана во строгиот центар на француската престолнина.
Таквата можност денеска ја навести претседателот на Организацискиот комитет Тони Естангуе на точно 1.000 денови пред свеченото отворање на Игрите.
Имаме уште многу работа. Има уште многу нешта што треба да ги координираме, на пример, со меѓународните индустриски здруженија, вклучувајќи ја и деталната програма на Игрите, изјави Естангуе, кој е поранешен трикратен олимписки и петкратен свески првак во кану на диви води.
Се очекува точната локација на отворањето на Игрите да биде прецизирана до крајот на оваа година, а една од предложените опции е и брегот на реката Сена.
OhridNews