материјална помош што е обезбедена од меѓународните олимписки фондови.
Според договорите, Атанас Николовски, кајак на диви води, ќе добива по
1.100 американски долари, а понатаму следуваат боксерот Примислав
Димовски (800 долари), борачите Дејан Богданов, Дејан Митров (по 700)
боксерот Вели Мумин (700), триатлонецот Стојан Поповски и пливачите
Марко Блажевски, Симона Маринова и стрелачката Надица Апостоловска (ќе
добиваат по 600 долари) и џудистот Ванчо Сарафов (500 долари).
Од МОК се верува во нашите спортисти и во нивните потенцијали и силно се надеваат дека врвниот македонски спорт со оваа финансиска помош, која ќе биде строго наменска, ќе успее да постигне далеку подобри резултати.