Охриѓани денес на градскиот плоштад на дружба со ракометарите на ГРК Охрид, најдобриот стрелец сезонава Гал Цирар и најдобриот спортист од странство кој игра за Охрид Владимир Бојаниќ.

На плоштадот освен дружбата може да се купат и карти за претстојниот натпревар Охрид – Пролет, кој се игра во недела во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот.

 

Цирар и Бојаниќ се оптимисти дека ќе остварат победа ако ја повтворат играта од последните неколку средби.

Од клубот порачуваат дека е неопходна поддршка за остварување на целта – победа!

Затоа во недела, сите во сала!-велат.

OhridNews