Македонскиот поет, Блаже Петревски ќе учествува на меѓународниот поетски фестивал „Haus fur Poesie“ во Келн, Германија, во корпорација со академијата на уметносите од Берлин, што ќе се одржува од 22 до 29 октомври.
Петревски ќе се претстави со песните од циклусот „Испарувања” од дебитанската збирка „Врвот дно”. Циклусот „Испарувања” кој содржи пет песни од поезијата на Петревски е објавена во меѓународната антологија со поезија на германски јазик во која се застапени автори од педесет земји во светот. Настанот ќе се одвива под мотото „No one is an switched off”.
Поетскиот фестивал во Келн постои од 2004 година, а промовира поезија, сликарство и литература.
OhridNews