Охриѓанецот Александар Петрески со нова инструментална композиција „Calmness Part III“, инспирирана од како што вели мирнотијата на Охридското Езеро.
Tретата по ред композиција наречена „Calmness Part III“ ја направив во многу сличен стил како претходните две, во 3/4 ритам, со бавна мелодија, замислувајќи го звукот на малите утрински бранчиња во игра со галебите… Чувството на остварен проект е неопишливо добро, а сега останува само да се спремам за следниот, најголем и најзначаен проект за оваа година! Останете во тек! Со љубов за мојот и Ваш Охрид и езерото. Чувајте го, сакајте го!, вели Петрески.
Петрески вели пред две години уживајќи во премирните утра на Охридското Езеро се родила идејата да компонира инструментална музика со видео компилации од Охрид и езерото.
Бев инспириран од мирнотијата на Охридското Езеро, посебно рано на сабајле. Од таа причина ја нареков „Calmness“… Денес, две години подоцна, би рекол дека „Calmness“ се инструментални делови од една колекција, која еден ден ќе ја издадам во форма на албум…, додава Петрески.
Аудиото и видео продукцијата на најновото музичко дело „Calmness Part III“ се токму на Петрески.
OhridNews